Мевлут Чавушоглу: Членството во ЕУ се уште претставува стратешка цел за Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по состанокот на „земјите од Вишеградската група (В4) + Турција“ одржа заедничка прес конференција со министрите за надворешни работи на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија

1192776
Мевлут Чавушоглу: Членството во ЕУ се уште претставува стратешка цел за Турција

Во Словачка се одржа состанок на министрите за надворешни работи на „земјите од Вишеградската група (В4) + Турција“.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по состанокот одржа заедничка прес конференција со словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, чешкиот министер за надворешни работи Томас Петричек, полскиот министер за надворешни работи Марцин Пржидач и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Велејќи дека одржаниот состанок поминал мошне продуктивно, Чавушоглу истакна дека на разговорите освен за заедничките интереси и регионални прашања, била направена проценка и на состојбата во земји како што се Сирија, Либија, Иран и Ирак. 

Мевлут Чавушоглу напиомена дека ги информирал своите колеги по прашањето на она што го прави Турција за решавање на сирискиот проблем и дека во тие рамки им доставил информации по прашањата на повлекувањето на Соединетите Американски Држави (САД) од Сирија, последната состојба во Идлиб и статусот на Идлиб, политичката состојба во Сирија, формирањето на Уставниот комитет и враќањето на Сиријците назад во својата земја.

Тој истакна дека било разгледано и прашањето со илегалната миграција и рече: „Прашањето на илегалната миграција, претставува заеднички проблем со кој што треба да водиме борба сите заедно.“

Подвлекувајќи дека кон ова прашање освен од безбедносен аспект треба да се приоѓа и од хуманитарен аспект, Чавушоглу го употреби изразот „Тоа е глобален проблем со кој што треба да водиме борба сите заедно, а не само Европа.“

„Мошне е значајно да се води борба и против тероризмот без притоа да се прави било каква разлика“ - рече Чавушоглу и додаде дека на остварениот состанок освен прашањето на борбата против тероризмот била направена проценка и на односите меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција.

Притоа привлекувајќи внимание дека Турција го дава својот придонес на ЕУ во однос на голем број прашања како што се безбедноста, економијата и миграцијата, Чавушоглу воедно го подвлече и тоа дека постојат политички препреки пред членството на Турција во Европската унија (ЕУ).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека некои земји се категорички против членството на Турција во Европската унија (ЕУ) и рече: „Според некои, Турција е голема земја со своето 82 милионско население. Затоа ќе располага со поголем број пратенички места во Европскиот парламент (ЕП) од другите земји. Според други пак, Турција е земја во која претежно живеат муслимани. Ако ЕУ е религиска унија, тогаш во ред. Доколку ЕУ не сака да ја сподели силата со било која друга земја и тоа е во ред. Ја разбираме рамнотежата меѓу Франција и Германија, меѓутоа го заменаруваат тоа каков придонес би можела Турција да даде на ЕУ. Членството во ЕУ се уште претставува стратешка цел за Турција. Ако ЕУ не сака да не прими нас, треба да ја донесе својата одлука.“

 



Слични вести