Ердоган: Во првиот квартал фрливме потпис на највисок извоз во историјата, во овој период

Претседателот Ердоган истакна дека Турција во првите три месеци од 2019 година го оствари својот највисок извоз во својата историја, во овој период

1192880
Ердоган: Во првиот квартал фрливме потпис на највисок извоз во историјата, во овој период

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во претседателската палата, во Бештепе, во Анкара говореше на четвртата конференција на трговските консултанти и притоа нагласи дека најзначајната сфера која ја сочинува новата визија на Турција е надворешната трговија.

Ердоган истакна дека Турција во првите три месеци од 2019 година го оствари својот највисок извоз во првиот квартал во својата историја.

„Во првите три месеци од 2019 година нашиот извоз оствари раст од 3,3 отсто, а увозот се намали за 21,5 отсто. Нашиот извоз во последните 12 месеци со раст од 5,5 отсто изнесува 169,1 милијарда долари. И покрај средината на избори, во првиот квартал фрливме потпис на највисок извоз во нашата историја, во овој период.“ - рече Ердоган.

Велејќи дека Турција како додаток на извозот на стоки во износ од 168 милијарди долари во 2018 година, воедно оствари и извоз на услуги во износ од 48,5 милијарди долари со што долови еден значаен успех, Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Веќе не ги продаваме насекаде низ светот само нашите производи. Освен тоа ги извезуваме и нашите серии, филмови, здравствени услуги. Така денеска со обем на извоз од 350 милиони долари, веднаш по Соединетите Американски Држави (САД) се наоѓаме на второ место во извозот на телевизиски серии. Во услугите во претприемаштвото сме втори во светот.“

Претседателот Ердоган напомена дека во првите два месеци од оваа година (2019) е остварен раст од 7,4 отсто во бројот на странските туристи и го додаде следното:„Со доаѓање на летните месеци несомнено овие бројки ќе растат уште повеќе. Од една страна ќе ја повлече надолу и невработеноста. Јас верувам дека во 2019 година ќе ја достигнеме бројката од 50 милиони туристи.“



Слични вести