Ердоган: „Остварувањето на проектот Ф-35 без Турција е осуден на пропаст“

Турција не прифати и нема да прифати никакво наметнување

1192717
Ердоган: „Остварувањето на проектот Ф-35 без Турција е осуден на пропаст“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека евентуалното остварување на проектот борбен авион Ф-35 со изолирање и без Турција е осуден на пропаст.

Во говорот на 14-от Меѓународен саем за одбранбена индустрија ИДЕФ’19 во Истанбул, претседателот Ердоган рече дека Турција постепено се приближува кон целта за стекнување со последен збор во сите етапи на одбранбената индустрија и тоа од дизајнот до производството.

Како во политиката, дипломатијата и економијата, така и во сферата на одбраната Турција не прифати и нема да прифати никакво наметнување. Евентуалното остварување на проектот борбен авион Ф-35 со изолирање и без Турција е осуден на пропаст.

Турција се стекна со реноме во светот од аспект на производството на вооружени и невооружени беспилотни летала. Постепено ги фрливме чекорите за производство на националните борбени авиони. Се надеваме дека идните ескадрили на воздушните сили ќе се состојат од национални борбени авиони, рече Ердоган.

Одлучни сме во формирањето на инфраструктурата која што ќе ги задоволи нашите и потребите на пријателите од аспект на производството на оклопната, оптичката, софтверската, моторната, симулациската, експлозивната технологија. Сите оние коишто на времето не сакаа да ни продадат муниција за авионите, денес не можат да го скријат изненадувањето и збунетоста од домашното производство на истите.

Турција секогаш во историјата беше лојална на сојузите и пактовите во кои учествуваше и правеше се што е во нејзина надлежност и одговорност, рече Ердоган и додаде:

Во период кога на границите бевме изложени на провокации и имавме потреба за воздушно одбранбени системи, прво место до кое што се обративме беа нашите сојузници. Но за жал нашите барања или целосно беа одбиени или пак беа поставени тешки услови.



Слични вести