Чавушоглу: Ние се залагаме за решавање на проблемите во Венецуела со дијалог

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција се залага за решавање на проблемите во Венецуела со дијалог и дека секогаш стои покрај венецуелскиот народ

1192941
Чавушоглу: Ние се залагаме за решавање на проблемите во Венецуела со дијалог

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер изрази загриженост од вестите во однос на тоа дека во Венецуела доаѓа до одредени обиди против уставниот поредок на земјата.

Чавушоглу истакна дека Турција се залага за решавање на проблемите во Венецуела со дијалог и рече: "Ние сме против иницијативите за промена на легитимните  влади, со недемократски методи. Се залагаме за решавање на проблемите во земјата со дијалог. Секогаш сме покрај венецуелскиот народ."

Инаку, претседателот на Националното Собрание во Венецуела Хуан Гуаидо кој на 23 јануари себе си се прогласи за претседател на државата, со видео-снимка од 3 минути која што ја објави преку Твитер ги повика народот и војската да излезат на улица.

Министерот за одбрана на Венецуела Владимир Падрино Лопес пак, истакна дека ќе се спротивстават на обидот за воен удар и рече: „Ние како вооружени сили се заколнавме дека ќе го одбраниме уставниот поредок. Ние сме во готовс пред предавничкиот обид за пуч. Не станува збор за одредена било каква невообичаена состојба во воените единици, сите (војници) се под наредба на своите команданти.“



Слични вести