Политички консултации меѓу Турција и Иран

Утре во Анкара турската и иранската делегација ќе одржат политички консултации

1191791
Политички консултации меѓу Турција и Иран

Министерствата за надворешни работи на Турција и Иран ќе остварат политички консултации.

Според соопштението кое беше објавено од страна на МНР, во рамките на политичките консултации меѓу Турција и Иран, утре во Анкара турската делегација предводена од заменик министерот за надворешни работи Седат Онал и иранската делегација предводена од заменик министерот за надворешни работи – амбасадорот Абас Аракчи ќе одржат политички консултации.

Освен билатералните односи меѓу двете земји на консултативните разговори се очекува да се разменат и мислења во врска со регионалните и политичките прашања.

На 17-ти април во официјална посета на Анкара престојуваше иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф кој беше примен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и оствари средба со министерот Чавушоглу.



Слични вести