Ибрахим Калин: Одлуката за С-400 беше донесена откако не беа земени за сериозно безбедносните грижи на Турција

Портпаролот на кабинетот на претседателството, Ибрахим Калин истакна дека одлуката за купување на противвоздушно одбранбените системи С-400 од Русија беше донесена откако безбедносните грижи на Турција не беа земени за сериозно од страна на другите земји

1192091
Ибрахим Калин: Одлуката за С-400 беше донесена откако не беа земени за сериозно безбедносните грижи на Турција

Портпаролот на кабинетот на претседателството, Ибрахим Калин, говореше на отворањето на Безбедносната конференција за 2019 година во Истанбул.

Калин истакна дека одлуката за купување на противвоздушно одбранбените системи С-400 од Русија беше донесена откако безбедносните грижи на Турција не беа земени за сериозно од страна на другите земји.

Велејќи дека треба да се обезбедат потребите на сите во врска со безбедноста, Калин рече: “Се додека секој не биде безбеден, никој не може да биде безбеден.“  

Тој нагласи дека Турција долги години води борба во однос на соствените безбедносни проблеми и рече: „Ние сме во склопот на безбедносната архитектура на Европа, одигруваме значајна улога во НАТО и обезбедуваме безбедност особено за нашите партнери, сојузници и соседи. Истовремено го очекуваме истото. Треба да се дискутираат, разговараат и земаат за сериозно безбедносните грижи на Турција.

Потсетувајќи дека Турција е подложена на секој вид напад од сириска страна, Калин напомена дека не можеше да се сфати тоа како сојузниците во средината на кризата во Сирија, ги повлекоа своите противвоздушно одбранбени системи кои што ги беа распоредиле во Турција.

Портпаролот на кабинетот на претседателството, Ибрахим Калин, додаде дека одлуката за купување на С-400 не беше донесена преку ноќ, дека реализираните работи се појавија на крајот на еден процес, дека низа пати беа одржани состаноци и дека во текот на овој процес не беа земени за сериозно безбедносните грижи на Турција.



Слични вести