Чавушоглу во Ербил се состана со премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во градот Ербил се состана со премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани

1191912
Чавушоглу во Ербил се состана со премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Ирак, по остварените средби и разговори во главниот град Багдад и во градот Басра, на југот на земјата, отпатува во посета и на градот Ербил.

Овде министерот Чавушоглу во владината резиденција на Регионалната курдска управа на Ирак се состана со премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани.

Средбата беше затворена за медиумите.

Најпрвин се одржа средба лице в лице помеѓу Чавушоглу и Барзани, а потоа се премина на меѓуделегациски разговори.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу потоа учествуваше на ручекот што беше приреден во негова чест од страна на Нечирван Барзани.

Чавушоглу во рамките на своите разговори во градот Ербил се состана и со потсекретарот на агенцијата за безбедност на Регионалната курдска управа на Ирак Месрур Барзани и со туркменските политички претставници. 

Во текот на вчерашниот ден пак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град Багдад се состана со ирачкиот премиер Адил Абдулмехди, со својот ирачки колега министерот за надворешни работи Мухамед Али ел-Хеким. претседателот на Параментот Мухамед ел-Халбуси и со туркменските пратеници, а потоа замина за градот Басра на југот на земјата каде што имаше средба со гувернерот Есад ел-Идани.



Слични вести