Чавушоглу најави отворање на втор граничен премин во Оваќој, на турско-ирачката граница

Министерот за надворешни работи Мевлу Чавушоглу рече: „Отворањето на втор граничен премин (со Ирак) во Оваќој, е во полза и на Ирак и на Регионалната курдска управа на Ирак“

1192145
Чавушоглу најави отворање на втор граничен премин во Оваќој, на турско-ирачката граница

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во соопштението кое што го објави на својата сметка преку социјалните медиуми, во во врска со разговорите кои што ги оствари во градот Ербил, во Регионалната курдска управа на Ирак каде што допатува по остварените посети на Багдад и Басра истакна дека отворањето на граничниот премин во Оваќој во населеното мест Силопи кај градот Ширнак ќе биде во полза и на Ирак и на Регионалната курдска управа на Ирак.

Чавушоглу го употреби изразот „Отворањето на втор граничен премин (со Ирак) во Оваќој, е во полза и на Ирак и на Регионалната курдска управа на Ирак. Ги поддржуваме активностите на нашите бизнисмени.“

Велејќи „Заедно со Регионалната курдска управа на Ирак ќе се фокусираме на борбата против терористичките организации ПКК, ДЕАШ и ФЕТО (Фетулахистичката терористичка организација)“, Чавушоглу истакна дека ќе бидат зголемени трговските односи и инвестициите со Регионалната курдска управа на Ирак.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се осврна и на остварената средба со вицепремиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Кубат Талабани, во врска со што рече: "Напредуваат нашите односи со сите региони и групи во Ирак. Ќе бидеме поактивни со нашиот приватен сектор и нашите бизнисмени и во Сулејманије."

Чавушоглу во рамките на своите контакти во градот Ербил се состана со премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани, потсекретарот на агенцијата за безбедност на Регионалната курдска управа на Ирак Месрур Барзани и со туркменските политички претставници.

Во текот на вчерашниот ден пак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град Багдад се состана со ирачкиот премиер Адил Абдулмехди, со својот ирачки колега министерот за надворешни работи Мухамед Али ел-Хеким. претседателот на Параментот Мухамед ел-Халбуси и со туркменските пратеници, а потоа замина за градот Басра на југот на земјата каде што имаше средба со гувернерот Есад ел-Идани.



Слични вести