Чавушоглу: Кога ќе дојде време повторно ќе го укинеме визниот режим за нашите ирачки браќа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави во градот Басра дека тогаш кога ќе дојде време повторно ќе биде укинат визниот режим за граѓаните на Ирак

1191444
Чавушоглу: Кога ќе дојде време повторно ќе го укинеме визниот режим за нашите ирачки браќа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата посета на Ирак по остварените средби и разговори во главниот град Багдад го посети и градот Басра на југот на земјата.

Овде Чавушоглу се состана со гувернерот на Басра Есад ел-Идани по што одржа прес конференција.

Во врска со визниот режим помеѓу Турција и Ирак, министерот Мевлут Чавушоглу рече: "Визата не е трајна примена. Тогаш кога ќе дојде време повторно ќе го укинеме визниот режим за нашите браќа."

Чавушоглу потсети дека Турција поради безбедносни причини повторно воведе визниот режим за играчките граѓани.

Министерот Чавушоглу напомена дека пред да започне примената на визниот режим бројот на лицата кои доаѓаа од Ирак во Турција беше над еден милион и дека исто така и по 2018 година во Турција се дојдени над еден милион Ирачани.

Укажувајќи на тоа дека откако Турција ќе отвори свој генерален конзулат во Басра ќе нема потреба Ирачаните да одат за Багдад за да земаат виза, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: "Визата не е трајна примена. Овде (во Ирак) откако работите ќе се нормализираат ние тоа повторно ќе го преразгледаме. Тогаш кога ќе дојде време повторно ќе го укинеме визниот режим за нашите браќа."



Слични вести