Чавушоглу се состана со својот ирачки колега ел-Хеким во Багдад

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Багдад се состана со својот ирачки колега Мухамед Али ел-Хеким

1191340
Чавушоглу се состана со својот ирачки колега ел-Хеким во Багдад
cavusoglu-el hekim.jpg
mevlut cavusoglu irak.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Багдад се состана со ирачкиот министер за надворешни работи Мухамед Али ел-Хеким.

По средбата лице в лице двајцата министри за надворешни работи одржаа заедничка прес конференција.

Во оваа пригода министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека со својот ирачки колега разговарале за билатералните односи помеѓу Турција и Ирак со сите нивни димензии и дека воедно размениле и мислења во однос на регионални прашања. 

Велејќи дека Турција стои покрај Ирак по прашањето на повторната изградба на оваа земја за враќање назад во нивните домови на Ирачаните, Чавушоглу рече дека по генералните конзули во Мосул и Басра Турција сака да отвори свои конзулати и во Неџеф и Киркук.

Чавушоглу напомена дека двете земји ќе продолжат да работат заедно за развивање уште повеќе на билатералните односи, а воедно нагласи дека се работи заедно и на применување на донесените одлуки за време на посетата на ирачкиот претседател Бархам Салих оваа година на Анкара.

Тој најави дека и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кон крајот на годината ќе отпатува во посета на Ирак.

Подвлекувајќи дека во наредниот период ќе чувствува задоволство да биде пречекан во Турција ирачкиот премиер Адил Абдулмехди, Чавушоглу рече: "Освен тоа и нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган кон крајот на оваа година ќе го посети Ирак за реализација на четвртиот состанок  на Советот за стратешка соработка на високо ниво."

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу подвлече дека погледите на Ирак и Турција во однос на регионални прашања се поклопуваат.



Слични вести