Во операција кај Ширнак доведени во неупотреблива состојба засолништа на терористичката ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) реализираа операција во областа Бестлер-Дерелер кај градот Ширнак и доведоа во неупотреблива состојба 36 засолништа и скривници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1191017
Во операција кај Ширнак доведени во неупотреблива состојба засолништа на терористичката ПКК

Во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК кај градот Ширнак се доведени во неупотреблива состојба 36 засолништа и скривници кои биле користени од страна на терористите.

Според добиени информации од безбедносни извори, Турските вооружени сили (ТВС) реализираа операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во месноста Гашинор Тепе во областа Бестлер-Дерелер.

Во операцијата беа утврдени 36 засолништа и скривници на терористите на ПКК.

Запленетите материјали беа уништени на лице место, а откриените засолништа и скривници беа доведени во неупотреблива состојба.

Во меѓувреме, ѝ во реализирани воздушни операции на областите Хафтанин, Авашин-Басјан и Зап во северниот дел на Ирак беа уништени цели кои од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК биле користени како наоружана позиција, засолниште, скривница и складиште за муниција.



Слични вести