Ердоган: Принудното иселување на Ерменците не е ниту геноцид, ниту голема катастрофа

Претседателот Ердоган истакна дека принудното иселување на Ерменците не е ниту геноцид, ниту голема катастрофа

1191113
Ердоган: Принудното иселување на Ерменците не е ниту геноцид, ниту голема катастрофа

Претседателот а државата и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган говореше на 28. состанок за консултација и проценка на својата партија во Кизилџахамам кај Анкара и притоа истакна дека принудното иселување на Ерменците претставува болен настан кој што е доживеан во мошне тешки услови пред еден век за време на Балканските војни.

Ердоган напомена дека принудното иселување на Ерменците не е ниту геноцид, ниту голема катастрофа.

"Доколку постапувавме како што се тврди против Ерменците, денеска не можеше да се говори за милиони Ерменци  кои живеат на една пространа географија од Европа до Америка и од Северна Африка до Кавказ." - рече Ердоган.

Појаснувајќи дека местото каде што треба да се зборува за овие работи не се парламентите туку архивите и дека тие кои треба да го направат тоа се научниците, Ердоган рече: "Нашите архиви се отворени за секого во однос на ерменското прашање. Ги покануваме никој не доаѓа, бидејќи знаат што има во архивите. Секој оној кој има за цел да ги разбере вистините може да влезе во овие архиви. Надвор од тоа ја отфрлуваме секоја порака. Принудното иселување на Ерменците не е ниту геноцид, ниту голема катастрофа. Тоа се состои од еден болен настан. Францускиот претседател треба најпрвин да ги научи овие работи. Да се дава оваа порака поради тоа што во неговата земја има 700 илјади Ерменци, нема да го спаси него."

По прашањето на ракетниот систем С-400 пак, што ќе го купи Турција од Русија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека тоа претставува сериозно разидување во размислувањата со Соединетите Американски Држави (САД) и рече: "Другите што сакаат нека велат она што е всушност значајно за нас е иднината на нашата земја.  Ќе продолжиме да ги фрламе чекорите за пресушување на терористичкото мочуриште и веднаш да ги правиме зајакнувањата со С-400 и слични безбедносни зајакнувања."

Во врска со Голанските висорамнини, Ердоган истакна дека овие територии не му припаѓаат на Израел, туку и припаѓаат на Сирија и рече: "Со окупациите од 1947 година Израел е окупаторска структура. Оваа окупаторска структура својата сила ја добива од САД. Заедно со оваа сила го продолжува своето окупаторско дејство."

Претседателот Ердоган во врска со членството на Турција во Европската унија (ЕУ) потсети дека Анкара ги исполни сите критериуми и дека ЕУ го избира патот да ја обвинува Турција, а за да ги прикрие своите недоследни политики и непринципиелностите кои што ги следи.

"Ако биде фрлен одреден чекор по прашањето на развојот или ставањето крај на односите со ЕУ, тие кои ќе го направат тоа се Европејците. Ако не ви се допаѓа Турција да ја завршиме оваа работа."



Слични вести