Повик од ирачкиот претседател Бархам Салих до турските фирми да инвестираат во неговата земја

Ирачкиот претседател Бархам Салих ги прими во претседателскиот дворец во Багдад амбасадорот на Турција во Ирак Фатих Јилдиз, претседателот на Унијата на претприемачите на Турција Митхат Јениѓун и делегацијата во нивна придружба

1190145
Повик од ирачкиот претседател Бархам Салих до турските фирми да инвестираат во неговата земја

Ирачкиот претседател Бархам Салих ги повика турските фирми да инвестираат во неговата земја во рамките на повторната изградба.

Според објавеното писмено соопштение од кабинетот на ирачкиот претседател, претседателот Бархам Салих ги прими во претседателскиот дворец во Багдад амбасадорот на Турција во Ирак Фатих Јилдиз, претседателот на Унијата на претприемачите на Турција Митхат Јениѓун и делегацијата во нивна придружба.

Во оваа пригода ирачкиот претседател Бархам Салих стави акцент на вкоренитите односи помеѓу Ирак и Турција, а ја истакна потребата од зајакнување и на соработката помеѓу двете земји во сферите на економијата и трговијата.

Велејќи дека Ирак е земја која има потреба од инвестирање, претседателот Салих ги повика турските фирми кои располагаат со големи искуства во градежништвото и во други сфери, да инвестираат во рамките на повторната изградба на Ирак.

Амбасадорот на Турција во Багдад Фатих Јилдиз пак, истакна дека турските фирми се подготвени да фрлат потпис на големи проекти и да инвестираат во Ирак.

Вчера во главниот град на Ирак, Багдад воедно се одржа и Турско-ирачки форум за повторна изградба на Ирак.

На форумот освен ирачкиот министер за трговија Мухамед Хашим ел-Ани и амбасадорот на Турција во Ирак Фатих Јилдиз учествуваа и претседателот на Унијата на претприемачите на Турција Митхат Јениѓун и турски и ирачки претприемачи. 

 

 



Слични вести