Средба на министрите Акар и Чавушоглу посветена на случувањата во опкружувањето на Турција

Министрите Хулуси Акар и Мевлут Чавушоглу разговараа за последните случувања во Егејското Море и Источниот Медитеран и за безбедната зона за која што се планира да се формира во Сирија

1189419
Средба на министрите Акар и Чавушоглу посветена на случувањата во опкружувањето на Турција
1037705.jpg
Akar-Cavusoglu

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу  разговараа за последните случувања во Егејското Море и Источниот Медитеран, како и за регионални безбедносни и надворешни прашања, на чело со безбедната зона за која што се планира да се формира во северниот дел на Сирија.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, Хулуси Акар и Мевлут Чавушоглу се состанаа во министерството и на одржаниот состанок меѓу делегациите на двете министерства (Министерството за национална одбрана и Министерството за надворешни работи) беа разгледани низа актуелни прашања.

Според соопштението, на состанокот беше нагласена одлучноста по прашањето на одбраната на правата и интересите на Турција.



Слични вести