Реакција од амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич против Трамп

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич истакна дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со настаните од 1915 година, се исполнети со предрасуди и се неприфатливи

1189458
Реакција од амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич против Трамп

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич, на изјавите на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп во врска со настаните од 1915 година, одговори преку социјалната мрежа Твитер.

Амбасадорот Килич истакна дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со настаните од 1915 година, се исполнети со предрасуди и се неприфатливи.

Сердар Килич во својата објава напиша: „Соопштението кое што го објави претседателот Трамп во однос на неоснованите тврдења во врска со настаните од 1915 година повторно не ги зема во предвид болките на стотици илјади муслимани кои биле подложени на невиден зулум (суровост) од страна на ерменските чети Ташнак, е напишано со предрасуди и е целосно неприфатливо.“

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп во врска со 24 април кој што од страна на Ерменците се оценува како годишнина на настаните од 1915 година, го употреби изразот „Медс Јегхерн“ кој што на ерменски значи „Голема катастрофа“.

Реакција против Трамп покажа и Министерството за надворешни работи на Турција кое во објавеното писмено соопштение го истакна  следното: „Го отфрлуваме соопштението на претседателот на САД Доналд Трамп со датум од 24 април 2019 година, а во врска со настаните од 1915 година. Ова соопштение кое го зема за основа субјективниот наратив измислен од страна на Ерменците, нема никакво значење. Никако не може да се прифати искривоколчувањето на историјата со изнесување на внатрешно политички мисли.“



Слични вести