Претседателот Ердоган му честита на новиот претседател на Украина Зеленски за изборната победа

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на кабинетот на претседателството, претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со новиот претседател на Украина Владимир Зеленски на кого му честита за изборната победа

1189566
Претседателот Ердоган му честита на новиот претседател на Украина Зеленски за изборната победа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон новоизбраниот претседател на Украина Владимир Зеленски на кого му честита за постигнатиот успех на изборите.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на кабинетот на претседателството, претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со новиот претседател на Украина Владимир Зеленски.

Ердоган во телефонскиот разговор му честита на Зеленски за извојуваната победа на изборите.

Инаку, на крајот од вториот круг од претседателските избори кои што беа одржани на крајот на минатата недела во Украина, беше соопштено дека Владимир Зеленски освоил 73,22 отсто од гласовите на украиснките бирачи, додека неговиот противник актуелниот претседател Петро Порошенко освоил 24,45 отсто гласови.



Слични вести