Претседателот Ердоган го изрази своето жалење до ТРТ за нападот врз зградата на ТРТ Ворлд во Лондон

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор со генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен го изрази своето жалење за нападот на зградата на ТРТ Ворлд, кој емитува на англиски јазик, во главниот град на Англија, Лондон

1189971
Претседателот Ердоган го изрази своето жалење до ТРТ за нападот врз зградата на ТРТ Ворлд во Лондон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен по повод извршениот напад од страна на приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на зградата на ТРТ Ворлд, телевизискиот канал на Турската радио и телевизија (ТРТ) кој емитува на англиски јазик, во главниот град на Англија, Лондон.

Ердоган во телефонскиот разговор го изрази своето жалење до генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен и до вработените во ТРТ, по повод нападот.

Претседателот Ердоган воедно беше информиран од страна на генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен во врска со нападот. 

Инаку, вчера група приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК извршија напад на заградата на ТРТ Ворлд (информативен орган на Турската радио и телевизија ТРТ кој емитува на англиски јазик) во главниот град на Англија, Лондон.

Групата од околу 50 терористички приврзаници упаднаа во лобито на канцеларијата на ТРТ Ворлд Греј'с Ин Роад.

Лицата во своите раце носеа постери на терористичкиот водач на сепаратистичко-терористичката организација ПКК Абдула Оџалан и крпи кои што ја симболизираат терористичката организација, при што го запоседнаа лобито на ТРТ Ворлд во текот на приближно еден час.

Приврзаниците на терористичката организација кои не можеа да поминат од безбедносните браници, потоа беа извадени надвор од страна на англиската полиција.

За време на случајот не беше причинета било каква штета врз вработените и канцеларијата на ТРТ (зградата на ТРТ Ворлд).

Приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и претходно извршија напади врз работни места на Турците и врз џамии во Европа, каде што запоседнаа и некои странски медиуми.

ПКК се наоѓа во списокот на терористички организации во Англија, меѓутоа се согледува дека англиската полиција покажува толеранција кон приврзаниците на оваа терористичка организација.

Согласно Законот за борба против тероризмот во Англија, носењето на симболи на една организација која се наоѓа во списокот на терористички организации, претставува кривично дело и членовите на терористичките организации можат да се казнат со затворска казна до 10 години.



Слични вести