Порака од претседателот Ердоган по повод Анзачкиот ден

Претседателот Ердоган истакна дека посакува Чанаккале да послужи како пример за сите општества, а како што рече за претворање на заедничките болки во средство за воспоставување на пријателството, љубовта и мирот, а не за создавање на нови непријателства

1189815
Порака од претседателот Ердоган по повод Анзачкиот ден
erdogan.jpg
erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод Анзачкиот ден во која истакна дека на 104. годишнина од Копнените битки на Чанаккале со почит и милост се сеќаваме на стотици илјади војници, шехиди и газии кои ја бранеа својата татковина и својата чест на овие територии.

Ердоган напомена дека посакува Чанаккале да послужи како пример за сите општества, а како што рече за претворање на заедничките болки во средство за воспоставување на пријателството, љубовта и мирот, а не за создавање на нови непријателства.  

Претседателот Ердоган рече: „Денеска се сеќаваме на сите војници од секој народ, кои ги положиле своите животи на Битките на Чанаккале. Посакувам Чанаккале да послужи како пример за сите општества, за претворање на заедничките болки во средство за воспоставување на пријателството, љубовта и мирот, а не за создавање на нови непријателства. Со посредство на нашите гости кои се наоѓаат во нашата земја по повод Анзачкиот ден, ги повторуваме нашите повици за мир до целиот свет.“

Ердоган потсети и на следната порака на основачот на нашата Република Гази Мустафа Кемал Ататурк испратена до мајките кои од далечни земји ги испратиле своите деца во војна: „Вашите чеда почиваат во мир, во нашата прегратка.“

Ердоган рече: „Заедно излегуваме во пресрет на пораката 'Откако ги положија своите животи на овие територии, тие веќе се и наши чеда'. Во оваа точка задача која им се паѓа на новите поколенија е да застанат во одбрана на пораката за пријателство која што со крв, елан и храброст е врежана на каменот, почвата и морето во Чанаккале.  На сите нас ни се паѓаат големи одговорности за да не се доживеат нови војни и за да би живееле идните поколенија во свет исполнет со мир. Уште еднаш со почит се сеќавам на нашите јунаци од Чанаккале и ги доставувам моите најсрдечни поздрави до нашите граѓани и до нашите гости кои по повод комеморациите се наоѓаат во нашата земја.“



Слични вести