Младите во спомен на 57-от полк маршираа кон Џонкбајири во Чанаккале, по трагите на своите предци

По патот по кој што одеше 57-от полк утрото на 25 април 1915 година, пред еден век, овојпат пешачеа голем број млади учесници на комеморацијата за сеќавање на турските војници

1189757
Младите во спомен на 57-от полк маршираа кон Џонкбајири во Чанаккале, по трагите на своите предци
yuruyus.jpg
yuruyus.jpg
yuruyus.jpg

Во рамките на церемониите на сеќавање на 104. годишнина од Копнените битки на Чанаккале приближно 8 илјади лица составени од студенти и извидници остварија марш во спомен на 57-от полк.

По патот по кој што одеше 57-от полк утрото на 25 април 1915 година, овојпат пешачеа голем број млади учесници на комеморацијата на сеќавање на турските војници.

На маршот учествуваше и министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу.

Во текот на маршрутата која што започна од местто за кампување Коџадере на историскиот полуостров Гелиболу (Галиполе), беа фрлани и звучни и димни бомби, а со цел младите да би го доживеале подобро она чувство кое  што го доживеале нивните дедовци за време на Битките на Чанаккале (Дарданелите).

На вториот километар од маршот по повод 104. годишнина од одбележувањето на Копнените битки на Дарданелите беше отворено 104 метарско џиновско турско знаме.

По завршување на 5 километарскиот марш на местото Џонкбајири, министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу изјави за новинарите дека марширајќи рамо до рамо со младите било доживеано она воодушевување и чувство кое што го доживеале предците пред еден век. 

Инаку, 57-от пешадиски полк беше полк од составот на армијата на Османлиската Империја и овој полк е познат по оној извонредно голем успех што го постигна за време на анзачкото истоварување и потоа, а кое се смета за почеток на Копнените Битки на Чанаккале.

57-от полк  се прослави по тоа што на 15 април 1915 година го сопре истоварувањето на Анзачките војници и по тоа што за време на овдешните битки даде голем број жртви.



Слични вести