Еден Анзачки војник во своето писмо пред 104 години раскажува за пријателството на турскиот војник

Еден анзачки војник во писмото што го напишал до своето семејство на 22 октомври 1915 година, пред 104 години раскажа за зближувањето со турскиот војник "Мехметчик" на бојното поле на полуостровот Гелиболу (Галиполе)

1190079
Еден Анзачки војник во своето писмо пред 104 години раскажува за пријателството на турскиот војник

Писмото кое што го напишал од фронтот до своето семејство еден анзачки војник кој пред 104 години дошол да се бори на полуостровот Гелиболу (Галиполе), става до знаење како турскиот војник познат како „Мехметчик“ кој со борбата што ја водеше на фронтот на Гелиболу (Галиполе) напиша херојски еп, како истовремено бил и милостив кон својот непријател.

Писмото со датум од 22 октомври 1915 година, напишано од страна на еден анзачки војник кој патувајќи илјадници километри дошол да се бори, се наоѓа во колекцијата на Сејит Ахмет Силај, единствениот официјален колекционер на Турција за Чанаккале (Дарданелите).

Во писмото кое што било напишано од страна на анзачки војник на фронтот на полуостровот Гелиболу (Галиполе) каде што растојанието помеѓу рововите на некои места се намалувало дури и до 7-8 метри, се раскажува за воспоставеното пријателство на фронтот, а исто така ја изнесува пред светот и човештвото и милостивоста на јуначкиот турски војник „Мехметчик“.

Зближувањето со турскиот војник „Мехметчик“ на бојното поле, анзачкиот војник го раскажува вака:

„Во текот на два дена оваа недела, Турците беа многу пријателски расположени. И тие и ние (нашите момчиња) излеговме од нашите ровови.  Во замена на месо и друго што имавме, ни дадоа цигари и тутун.“

Колекционерот Сејит Ахмет Силај истакнува дека од војната се појавиле интересни приказни и вели: „Има војници кои дење војуваат, ноќе се во мир (примирје). Пред нив не беше Турчин како што им било раскажувано, туку едно љубопитно и хумано анадолско момче. По извесно време  тие се откажаа од убиството, воспоставија човечки односи и Турците повеќе не беа 'мразени'."



Слични вести