Група приврзаници на терористичката ПКК ја нападнаа зградата на ТРТ Ворлд во Лондон

Приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК носеа постери на терористичкиот водач на Абдула Оџалан и крпи кои што ја симболизираат терористичката организација при што го запоседнаа лобито на ТРТ Ворлд во текот на приближно еден чаас

1189431
Група приврзаници на терористичката ПКК ја нападнаа зградата на ТРТ Ворлд во Лондон
TRT World.jpg
Terör Örgütü PKK yandaşları TRT World'ün Londa Binasına Saldırdı.jpg

Група приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК извршија напад на заградата на ТРТ Ворлд (информативен орган на Турската радио и телевизија ТРТ кој емитува на англиски јазик) во главниот град на Англија, Лондон.

Групата од околу 50 терористички приврзаници упаднаа во лобито на седиштето на ТРТ Ворлд Греј'с Ин Роад.

Лицата во своите раце носеа постери на терористичкиот водач на сепаратистичко-терористичката организација ПКК Абдула Оџалан и крпи кои што ја симболизираат терористичката организација, при што го запоседнаа лобито на ТРТ Ворлд во текот на приближно еден час.

Приврзаниците на терористичката организација кои не можеа да поминат од безбедносните браници потоа беа извадени надвор од страна на англиската полиција.

Беше согледано дека полицијата уште за извесно време презеде безбедносни мерки пред зградата.

За време на случајот не беше причинета било каква штета врз вработените и канцеларијата, односно претставништвото на ТРТ (зградата на ТРТ Ворлд).

Приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и претходно извршија напади врз работни места на Турците и врз џамии во Европа, каде што запоседнаа и некои странски медиуми.

ПКК се наоѓа во списокот на терористички организации во Англија, меѓутоа се согледува дека англиската полиција покажува толеранција кон приврзаниците на оваа терористичка организација.

Согласно Законот за борба против тероризмот во Англија, носењето на симболи на една организација која се наоѓа во списокот на терористички организации, претставува кривично дело и членовите на терористичките организации можат да се казнат со затворска казна до 10 години.



Слични вести