МНР на Турција: Реализирана третата размена на затвореници помеѓу опозиционерите и Асадовиот режим

Неколку лица кои беа држани во притвор од страна на опозициските групи и режимот во Сирија беа едновремено и обострано ослободени во областа Ебу Зиндин, на југот на градчето Ел Баб, кое се наоѓа под контрола на опозиционерите

1188357
МНР на Турција: Реализирана третата размена на затвореници помеѓу опозиционерите и Асадовиот режим

Турција соопшти дека со проектот на Работната група формирана во рамките на процесот од Астана се ослободени неколку лица припадници на опозиционерите и на Асадовиот режим во Сирија и дека активностите на оваа Работна група ќе продолжат и во наредниот период.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворшени работи се истакнува дека неколку лица кои беа држани во притвор од страна на опозициските групи и режимот во Сирија беа едновремено и обострано ослободени во областа Ебу Зиндин, на југот на градчето Ел Баб, кое се наоѓа под контрола на опозиционерите.  

Пред одржувањето на 12'от состанок од процесот од Астана на 25 и 26 април на кој ќе се состанат Турција, Русија и Ира; сирискиот режим и опозиционерите, под гаранторството на Турција и Русија, во областа Ебу Зиндин на фронтовата линија, на југот на градчето Ел Баб, едновремено и обострано ослободија по 9 притворени лица.

Ова претставува трета размена на затвореници помеѓу опозиционерите и Асадовиот режим.

Првата размена помеѓу двете страни беше реализирана на 24 ноември во 2018 година, а втората на 12 февруари годинава.

Во соопштението на турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека оваа размена на затвореници или притворени кица, е реализирана како резултат на чекорите кои што ги фрла Турција во рамките на активностите на хуманитарната дипломатија

Инаку, познато е дека во затворите на Асадовиот режим во Сирија се затворени најмалку 500 илјади лица.

 

 

 



Слични вести