Државни делегации и децата во посета на мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“

Министерот за национално образование Зија Селчук во придружба на децата, претседателот на Собранието Мустафа Шентоп, потпретседателот на државата Фуат Октај и лидерите на политички партии го посети мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“

1188436
Државни делегации и децата во посета на мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“
2019_nisan_anitkabir_3.jpg
2019_nisan_anitkabir.jpg
2019_nisan_anitkabir_2.jpg

Денеска е 23 април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето.

Денеска со различни манифестации и програми во целата земја свечено се слави 99-годишнината од отворањето на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и празникот на децата.

Прва адреса на официјалните церемонии во Анкара беше мавзолејот на големиот лидер основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк.

Делегација предводена од министерот за национално образование Зија Селчук го посети мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“.

Министерот Селчук заедно со две деца кои ги беше фатил за рака и делегацијата во негова придружба одеа по Лавовскиот пат веднаш по венецот со црвени и бели каранфили.

Министерот Зија Селчук го постави венецот на гробот на Ататурк, а потоа му беше оддадена почит со едноминутно молчење на големиот лидер Ататурк и беше испеана националната химна.

Потоа министерот Селчук премина во Кулата Миск-и Милли (Кулата на Националните сили) каде што се потпиша во спомен книгата на мавзолејот. 

Церемонија беше одржана и пред споменикот на Ататурк во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) каде што претседателот на Собранието Мустафа Шентоп постави венец со црвени и бели каранфили на споменикот на Ататурк.

Потоа му беше оддадена почит со едноминутно молчење на големиот лидер Ататурк и беше испеана националната химна.

На церемонијата во мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ учествуваа и потпретседателот на државата Фуат Октај и некои министри.

Од друга страна, државната поворка на чело со претсеадтелот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп учестуваше и на церемонијата што се одржа во мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“.

На овдешната церемонија освен претседателот на Собранието Мустафа Шентоп, присуствуваа и потпретседателот на државата Фуат Октај, претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, претседателот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели, претседателката на ИЈИ Партијата Мерал Акшенер, некои министри, пратеници и други високи функционери. 

Државната поворка одејќи по Лавовскиот пат пристигна на гробот на Ататурк каде што претседателот на Собранието Мустафа Шентоп постави венец на гробот на големиот лидер, на кого потоа му беше оддадена и почит со едноминутно молчење, а потоа беше испеана националната химна.

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп се потпиша и во спомен книгата на мавзолејот „Аниткабир“.



Слични вести