Чавушоглу: Едниот од елементите кој што влијае негативно на односите со САД е поддршката на ЈПГ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека едниот од елементите кој што влијае негативно на односите меѓу Турција и САД е поддршката што ја дава оваа земја на ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1188601
Чавушоглу: Едниот од елементите кој што влијае негативно на односите со САД е поддршката на ЈПГ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска се состана со белгискиот министер за надворешни работи Дидиер Рејндерс кој престојува во посета на Турција.

Двајцата министри за надворешни работи најпрвин остварија средба затворена за медиумите, а потоа одржаа заедничка прес конференција.

Во оваа пригода министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу меѓу другото се осврна и на помошта на Соединетите Американски Држави (САД) на ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Мевлут Чавушоглу истакна дека едниот од елементите кои што до денеска влијаат негативно на односите со Соединетите Американски Држави (САД) е поддршката на САД на ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Велејќи дека Турција се обидува заедно да ја координира одлуката на САД за повлекување од Сирија, Чавушоглу истакна дека Силите за задача кои што се формирани помеѓу двете земји се состанаа три пати досега.

Тој привлече внимание дека од друга страна САД сакаат да остават одреден број свои војници особено на југот и рече: "САД велат дека се против формирањето на коридор од страна на Иран, меѓутоа денес секое оружје кое што се носи во Сирија претставува закана за Сирија и секое оружје кое што им се дава на терористичките организации претставува сериозна закана за нас."

Во врска со санкциите на Соединетите Американски Држави (САД) врз Иран пак, Чавушоглу истакна дека Турција е против секој вид санкции и дека по пат на санкции не може да се добие резултат од една земја.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се осврна и на соопштението од Соединетите Американски Држави (САД) во однос на тоа дека ќе се укине ослободувањето по прашањето на санкциите врз иранската нафта кое што им беше признато до 2 мај на 8 земји меѓу кои се наоѓа и Турција.

"Тоа навистина ќе влијае на сите земји. Тоа не е толку лесна работа." - рече Чавушоглу и продолжи со следните зборови "Ние ги поддржуваме меѓународниот систем и мултилатералноста кои што се формирани над правните правила."

Тој истакна дека да се врши притисок од страна на една земја секој да се придржува кон одликите кои што ги донесува таа земја е начин на однесување кој што не и доликува на меѓународната дипломатска зрелост.

Привлекувајќи внимание дека слични притисоци постојат и кон земјите на Европската унија (ЕУ) и сојузниците на НАТО, Чавушоглу рече: "Ние сме против одлуките на САД со санкции."

Од друга страна, Мевлут Чавушоглу напомена дека на средбата со Рејндерс направиле проценка на билатералните односи и дека притоа постигнале согласност оти треба да се реализираат обострани посети на високо ниво помеѓу двете земји.

Велејќи дека во тие рамки во најскоро време треба да се одржат состаноците на Заедничката економска и трговска комисија (JETCO), Чавушоглу укажа на значењето од разгледување на голем број прашања помеѓу двете земји од економијата до трговијата и конзуларните работи.

Белгискиот министер за надворешни работи Дидиер Рејндерс пак, кој воедно е и вицепремиер и министер за одбрана, во врска со одлуката на САД за укинување на воведеното ослободување од забраната за увоз на нафта од Иран го рече следното: "Ние не сме страна на овие одлики за санкции на САД. Им велиме на нашите колеги од САД оти не е погодно спроведувањето на вакви санкции."

Дидиер Рејндерс подвлече дека треба да се споделуваат повеќе информации помеѓу Турција и Белгија по прашањето на борбата против тероризмот.



Слични вести