23 април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето се слави со радост во цела Турција

Прва адреса на официјалните церемонии во Анкара беше мавзолејот на големиот лидер основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк

1188272
23 април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето се слави со радост во цела Турција
23 Nisan Ulusal Egemenlik ve Çocuk Bayramı.jpg
23 Nisan Milli Eğitim Bakanı Ziya Selçuk.jpg
23 Nisan Çocuk Bayramı.jpg

Денеска е 23 април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето.

Денеска со различни манифестации и програми во целата земја свечено се слави 99-годишнината од отворањето на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и празникот на децата.

Прва адреса на официјалните церемонии во Анкара беше мавзолејот на големиот лидер основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк.

Делегација предводена од министерот за национално образование Зија Селчук го посети мавзолејот на Ататурк Аниткабир.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во претсеадтелската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, најпрвин ќе ги прими министерот за национално образование Зија Селчук и децата во негова придружба, а потоа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ ќе учествува на Гала програмата на ТРТ 23 април.

Од друга страна и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп објави порака по повод одбележувањето на 99-годишнината од формирањето на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и на 23 април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето.

Шентоп во својата порака истакна дека Турција може да напредува само со начин на сфаќање со кое своите разлики со кои што располага ги оценува како можност за збогатување, а не како изговор за конфликт.

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп воедно го нагласи и тоа дека децата и младите треба да се опремуваат со национални и духовни вредности.

Порака по повод 23 април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето објави и министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој кој меѓу другото напиша: „Денеска, кога нашиот честит народ му прогласи на целиот свет дека единствениот оној кој располага со правото да ја определи сопствената иднина е повторно тој самиот, и овој ден е заведен во историјата на цивилизацијата како едниот од најдрагоцените и најпоносните моменти на нашето национално постоење.“



Слични вести