Турција и Азербејџан од 1 до 3 мај ќе реализираат заеднички воени вежби

Од 1 до 3 мај во Азербејџан ќе реализираат заедничките воени вежби насловени како „Мустафа Кемал Ататурк 2019“ на кои ќе учествуваат вооружените сили на Турција и Азербејџан

1188019
Турција и Азербејџан од 1 до 3 мај ќе реализираат заеднички воени вежби

Вооружените сили на Турција и Азербејџан од 1 до 3 мај ќе реализираат заеднички воени вежби.

Вежбите ќе се одржат во Азербејџан.

Според објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан, турските војници кои ќе учествуваат на воените вежби кои што ќе се реализираат во рамките на воената соработка помеѓу двете земји, пристигнаа во Азербејџан.

Турската воена единица која ќе учествува на воените вежби насловени како „Мустафа Кемал Ататурк 2019“, беше пречекана со официјална церемонија.

Како што се истакнува, цел на заедничките воени вежби е да се споделат искуства и да се развие координацијата помеѓу вооружените сили на двете земји.

На заедничките воени вежби помеѓу Турција и Азербејџан, освен воените единици на двете земји ќе учествуваат и оклопни возила, топовски батерии, хаубици, авиони и хеликоптери и системи за воздушна одбрана, а ќе бидат реализирани и истрели.



Слични вести