Напад со молотови коктели на зградата на Генералниот конзулат на Турција во Цирих, Швајцарија

Генералниот конзул Асије Нурџан Ипекчи во дадената изјава во врска со нападот истакна дека синоќа во 02:51 часот по полноќ беше извршен напад со молотови коктели врз Генералниот конзулат, но дека за среќа не била причинета штета во зградата

1188110
Напад со молотови коктели на зградата на Генералниот конзулат на Турција во Цирих, Швајцарија

Неидентификувани лица извршија напад со молотови коктели врз зградата на Генералниот конзулат на Турција во Цирих, во Швајцарија.

Генералниот конзул Асије Нурџан Ипекчи во дадената изјава во врска со нападот истакна дека синоќа во 02:51 часот по полноќ беше извршен напад врз Генералниот конзулат.

Потсетувајќи дека Генералниот конзулат и претходно беше цел на напад, Ипекчи напомена дека засега ниту еден поединец или група не ја презеде одговорноста за нападот.

Таа појасни дека според добиени информации од полицијата во врска со нападот се притворени тројца млади и рече: „Засега не сме информирани за деталите за овие лица. Мислиме дека во наредните денови прашањето ќе биде обелоденето.“

Генералниот конзул Асије Нурџан Ипекчи истакна дека во зградата на генералниот конзулат не е причинета било каква штета и дека едниот од фрлените молотови коктели не се запалил, а вториот удрил во железните решетки на зградата и изгаснал.

Инаку, Генералниот конзулат на Турција во Цирих, во Швајцарија кој во последните години е се наоѓа на мета на терористичките организации, во последните 2,5 години беше подложен на напад дури 6 пати.

На 1 мај во 2017 година маскирани лица кои дојдоа пред зградата на Генералниот конзулат и извршија напад со бои, додека на автобуската постојка и спротивната зграда во непосредна близина со црвени бои напишаа „Kill Erdogan“ (Убијте го Ердоган).

На 29 јануари во 2018 година пак, неидентификувани лица се обидоа да го запалат сервис возилото на Генералниот конзулат на Турција во Цирих, во Швајцарија.



Слични вести