Претседателот Ердоган остро ги осуди терористичките напади во Шри Ланка

Претседателот Ердоган во својата објава на Твитер напиша: "Остро ги осудувам терористичките напади кои се совпаднаа со празникот Велигден во Шри Ланка

1187352
Претседателот Ердоган остро ги осуди терористичките напади во Шри Ланка

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган остро ги осуди извршените терористички напади врз црквите и хотелите во Шри Ланка во кои според последни добиени информации бројот на загинатите достигна до 185 лица, а повеќе од 400 лица се ранети.

Ердоган во споделената објава на својата сметка на социјалната мрежа Твитер нагласи дека овие напади се извршени против целото човештво и рече: "Остро ги осудувам терористичките напади кои се совпаднаа со празникот Велигден, во Шри Ланка."

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата објава напиша: "Во мое лично име и во име на мојот народ го изразувам нашето сочувство до блиските на загинатите во нападите и на целиот народ на Шри Ланка, а на ранетите им посакувам побрзо оздравување. Варварските напади уште еднаш ја изнесоа потребата од водење на одлучна борба против секој вид терор. Истакнувам дека ќе бидеме во солидарност со Шри Ланка против тероризмот, како заеднички непријател на човештвото и глобалниот мир."



Слични вести