Хулуси Акар: ПКК е толку подла што извршува напад дури и за време на светата ноќ Берат

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК уште еднаш покажа колку е подла, предавничка и кукавичка со тоа што изврши напад ноќта кога се слави Лејлетул Берат

1187207
Хулуси Акар: ПКК е толку подла што извршува напад дури и за време на светата ноќ Берат

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, заедно и со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар вчера во Хаќќари учествуваа на церемонијата на испраќање на мртвите тела на четворицата војници во нивните родни места, кои загинаа во вооружениот судир со терористите за време на операциите кои што се реализираат во рамките на борбата против тероризмот на турско-ирачката граница.

Министерот Хулуси Акар и двајцата високи команданти потоа преминаа во Командата на третата пешадиска дивизија.

Овде во Центарот за операција беше детално информиран во врска со вооружениот судир со кој дојде за време на завчерашните антитерористички операции на турско-ирачката граница и ѝ издаде директиви на војската.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар го изрази своето жалење поради смртта на своите јуначки соборци во предавничкиот и кукавичкиот терористички напад.

Акар истакна дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК уште еднаш покажа колку е подла, предавничка и кукавичка со тоа што изврши напад ноќта кога се слави Лејлетул Берат.

Министерот Хулуси Акар рече: "Терористичката организација која како резултат на операциите кои што се реализираат, претрпува тешки загуби и е дојдена до точка на уништување, изврши напад на нашата база ноќта кога славевме Лејлетул Берат и со тоа уште еднаш покажа колку е подла, предавничка и кукавичка."

Велејќи "Овие гнасни напади нема да не застрашат и Турските вооружени сили (ТВС) кои со задачите кои што ги реализираат се гордоста на народот, како досега така и во иднина ќе продолжат да ги исполнуваат со уште посилен елан и одлучност задачите кои што им се даваат", министерот за национална одбрана Хулуси Акар нагласи дека борбата против тероризмот продолжува со решителност.



Слични вести