Чавушоглу ги проколна терористичките напади во Шри Ланка

"Ги проколнувам извршените терористички напади во црквите и хотелите за време на Велигден во Шри Ланка" - напиша министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својата објава на Твитер

1187327
Чавушоглу ги проколна терористичките напади во Шри Ланка

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги проколна терористичките напади врз црквите и хотелите во Шри Ланка.

Чавушоглу во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер го употреби следниот израз: "Ги проколнувам извршените терористички напади чија цел беа недолжните луѓе во црквите и хотелите, за време на Велигден во Шри Ланка."

Инаку, во експлозиите до кои што дојде утрово во црквите Кочикаде, Негомбо и Батикалоа за време на одржување на Велигденските миси и во хотелите Шанги Ла, Синамон Гранд и Кингбари во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, според досега добиени информации бројот на загинатите достигна до 138, а повеќе од 500 лица се ранети.



Слични вести