Во вооружен судир на турско-ирачката граница загинаа четворица турски војници

За време на операциите кои што се водат на турско-ирачката граница дојде до вооружен судир со терористите при што животот го загубија четворица турски војници

1186952
Во вооружен судир на турско-ирачката граница загинаа четворица турски војници

Во вооружен судир за време на операциите кои што продолжуваат на турско-ирачката граница, помеѓу безбедносните сили и припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, загинаа четворица турски војници, а 6 мина војници се ранети.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека за време на операциите кои што продолжуваат на турско-ирачката граница вчера дојде до вооружен судир со терористите.

Во соопштението се вели дека притоа во судирот загинаа четворица војници, а 6 мина војници се ранети.

Двајца војници кои биле ранети и веднаш биле префрлени во болница и покрај сите напори на лекарите им подлегнале на раните и го загубиле животот.

Во соопштението се додава дека терористите биле подложени на жестоко бомбардирање од воздух и на артилериски оган, а воедно се напоменува дека операциите во подрачјето продолжуваат.



Слични вести