Екрем Имамоглу нов градоначалник на Истанбул

„Чувствувам голема радост, среќа и чест по повод добивањето на уверението за градоначалник“ рече Имамоглу

ekrem imamoglu1.jpg

17 дена по локалните избори што се одржаа на 31 март во Турција, беше утврден новиот градоначалник на Истанбул.

Кандидатот на пактот „Милет“ кој се состои од Републиканската народна партија (ЏХП) и партијата ИЈИ, Екрем Имамоглу беше избран за нов градоначалник на Истанбул.

Според записниците кои беа составени по неколкуте приговори, Екрем Имамоглу освои 4 милиони 169 илјади 765 гласови. Кандидатот на владејачката Партија за правда и развој (АКП) Бинали Јилдирим освои 4 милиони 156 илјади 036 гласови.

По влегувањето на податоците од страна на Високиот изборен совет на Турција, Имамоглу уверението за градоначалник го зеде уверението од Градскиот изборен совет на Истанбул и официјално стана нов градоначалник на Истанбул.

Нешто потоа Имамоглу во зградата на градската заедница на Истанбул ја презеде должноста од градоначалникот Мевљут Ујсал.

Имамоглу во врска со преземањето на должноста рече:

„Чувствувам голема радост, среќа и чест по повод добивањето на уверението за градоначалник. Уверението и должноста ги презедов во името на сите 16 милиони жители на Истанбул. Свесни сме за потребите на градот и неговите жители и веднаш ќе почнеме со услугите“.

Во меѓувреме, се чека одлуката на Високиот изборен совет по повод приговорот за нерегуларности на Партијата за правда и развој за повторување на изборите.

Вчера Партијата за национално движење (МХП), вториот партнер на Републиканскиот пакт поднесе ист приговор до изборниот совет за повторување на изборите.



Слични вести