Зариф ќе му предаде досие на претседателот Ердоган од остварената средба со Асад во Дамаск

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф рече: „Јас во Сирија остварив мошне долга средба со Бешар Асад. Еден извештај од оваа средба ќе му доставам на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.“

1185223
Зариф ќе му предаде досие на претседателот Ердоган од остварената средба со Асад во Дамаск

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф по остварената средба со министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, во резиденцијата на министерството за надворешни работи во Анкара, на одржаната заедничка прес конференција одговараше на прашањата на новинарите.

На едно поставено новинарско прашање „Дали по остварената средба со Асад во Сирија и има донесено одредена порака на Турција“, Зариф истакна дека пред да допатува во Анкара остварил долга средба со лидерот на режимот во Сирија Бешар Асад и дека досието од оваа средба ќе му го достави на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

„Јас во Сирија остварив мошне долга средба со Бешар Асад. Еден извештај од оваа средба ќе му доставам на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.“ - рече Тој.

Велејќи дека Иран посакува земјите во регионот да бидат во добри меѓусебни односи, Зариф напомена дека тие не интервенираат во внатрешните работи или во меѓународните односи на земјите, туку само ги пренесуваат сопствените желби.

Џевад Зариф информира дека продолжуваат разговорите со Русија, Турција и Обединетите нации (ОН) во врска со Уставната комисија за која што се планира да се формира во рамките на процесот за политичко решение во Сирија и дека исто така и сирискиот режим разговара детално со специјалниот претставник на ОН за Сирија Геир Педерсен, по прашањето.

Потсетувајќи дека треба да се решат прашањата за тоа од кои членови ќе се состои Уставната комисија и кои процедури и принципи ќе преовладуваат во комисијата, Зариф истакна дека во наредните денови во главниот град на Казахстан, Нурсултан, ќе се одржи и следниот состанок од процесот од Астана, со што се надеваат оти процесот ќе биде унапреден за чекор понапред.

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф нагласи дека ги разбираат грижите на Турција во врска со заканите кои што се насочени против неја и рече: „За нас се мошне значајни спокојството и безбедноста на турскиот народ. По ова прашање водиме мошне сериозна соработка.“

 



Слични вести