Средба на Хулуси Акар со Патрик Шанахан во Вашингтон

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Вашингтон се состана со вршителот на должноста американски секретар за одбрана Патрик Шанахан

1184652
Средба на Хулуси Акар со Патрик Шанахан во Вашингтон
akar shanahan.jpg
Hulusi Akar Patrick Shanahan Washington.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во рамките на своите средби и разговори во Соединетите Американски Држави (САД) се состана со вршителот на должноста американски секретар за одбрана Патрик Шанахан.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, на остварената средба во Пентагон беше разговарано за случувањата во последно време во Сирија, билатералните односи, други региони и безбедносни прашања и соработката во одбранбената индустрија.

Министерот Акар ги изнесе ставовите и барањата на Турција во однос на безбедната зона за која што се размислува да се формира во Сирија, купувањето на ракетниот систем С-400 (од Русија), борбените авиони Ф-35 и случувањата во Источниот Медитеран.

На средбата, беше нагласено значењето на соработката помеѓу Турција и САД во рамките на стратешкото партнерство, за стабилноста и безбедноста на двете земји, на регионот и на целиот свет.

По средбата пристигна писмено соопштение од портпаролот на Пентагон Чарлс Е. Самерс, во кое се вели следното: „Министрите се состанаа како стратешки партнери. Своите разговори повеќе од позициите (на двете земји во однос на одредени прашања) ги фокусираа на заедничките интереси , значењето на билатералната турско-американска соработка и на постигнување на взаемниот безбедносен и економски просперитет како сојузници на НАТО, ѝ тоа како во двете земји, така и во регионот.“



Слични вести