Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во посета на Анкара

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф, на аеродромот Есенбога во Анкара изјави за иранските медиуми истакна дека посакуваат проблемот во Сирија да се реши со преговори меѓу земјите во регионот

1185058
Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во посета на Анкара

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф допатува во официјална посета на Турција каде што на аеродромот Есенбога во Анкара даде изјава за иранските државни медиуми.

Зариф истакна дека посакуваат проблемот во Сирија да се реши со преговори меѓу земјите во регионот.

Велејќи дека во рамките на оваа негова посета на Анкара ќе оствари разговори со турските органи посветени на билатералните односи помеѓу двете земји, Џевад Зариф напомена дека исто така  ќе стане збор и за регионални прашања и случувањата во северна Африка.

„Имаме мошне добар дијалог со Турција“, рече Зариф и напомена дека министрите за надворешни работи се задолжени за следење на одлуките кои што се донесени од страна на претседателите на двете земји, така да за време на оваа посета ќе биде направена проценка на тоа.

Потсетувајќи дека ја остварува својата втора посета на Турција во рок од еден месец, Зариф во врска со случувањата во Сирија рече: „Ние посакуваме проблемот во Сирија да се реши со преговори меѓу земјите во регионот. Се надеваме дека ќе придонесеме  во решавањето на регионалните проблеми.“

Во врска со неговите остварени разговори вчера во Сирија пак, иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф рече: „Одржавме продуктивни преговори во врска со источниот дел на реката Еуфрат и Идлиб и истерувањето на странските воени сили од Сирија.“



Слични вести