Хулуси Акар: Набавката на одбранбени системи е прашање на суверенитет, независност, безбедност и одбрана

Министерот за национална одбрана истакна дека Турција се соочува со воздушна и ракетна закана и дека набавката на одбранбени системи е прашање на суверенитет, независноср, безбедност и одбрана

1184354
Хулуси Акар: Набавката на одбранбени системи е прашање на суверенитет, независност, безбедност и одбрана

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар за време на своите средби и разговори во главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), Вашингтон, се состана со турските новинари.

Притоа Акар нагласи дека Турција се соочува со воздушна и ракетна закана и дека задачата на противвоздушно одбранбениот систем С-400 што ќе биде купен од Русија веројатно ќе биде одбрана на Анкара и Истанбул.

Тој рече: „Да бараме противвоздушен и ракетен одбранбен систем, да работиме за тоа е мошне природно. Тоа е прашање на суверенитет, независност, безбедност и одбрана.“

Раскажувајќи го историскиот процес на потрагите за решение против заканата, Акар напомена дека на крај е потпишан договор со Русија, а воедно истакна дека набавувањето на С-400 и проектот на борбените авиони Ф-35 не треба да се поврзуваат еден со друг.

„Има распоредено С-400 во Сирија и Израел на мошне блиско растојание има распоредени Ф-35'ки. Слична ситуација има и во Балтичките земји. Ние велиме да седнеме и да го направиме она што е неопходно од технички аспект. Ние нив нема да ги интегрираме во системите на НАТО. Освен тоа нема да ги интегрираме и во нашите национални елементи кои работат за НАТО.“ - појасни Акар.

Во однос на местата каде ќе бидат стационирани ракетните системи С-400 во Турција, министерот Хулуси Акар напомена дека веројатно ќе ги бранат Анкара и Истанбул и дека борбените авиони Ф-35 пак ќе се наоѓаат во базата во Малатја. 

Во врска со процесот на предавање на С-400 на Турција истакна дека на последната остварена средба Русија како датум испорака го изговори јуни.

На едно поставено новинарско прашање „Дали Турција е спремна за изговорите за евентуална санкција од САД во врска со борбените авиони Ф-35?“, Хулуси Акар рече: „Нашите работи продолжуваат во рамките на актуелната состојба, а би можеле да кажеме дека ги подготвивме сите наши видови подготовки против веројатностите.“

На прашањето „Дали постои одреден датум во врска со последната доставена понуда на САД во врска со Патриот?“, Акар одговори со „Не“ и повтори дека критериумите на Турција се познати и дека работите по ова прашање продолжуваат.

Тој истакна дека на масата на САД се наоѓа предлогот на Турција во правец на тоа дека С-400 и Ф-35 нема да бидат во интеракција.

Одговарајќи и на прашањата во врска со безбедната зона за која што се предвидува да се формира во Сирија, министерот за национална одбрана Хулуси Акар барањето на Анкара за длабочина на коридорот од 30 до 40 километри произлегува од нападите кои што се реализираат против Турција. 

Тој воедно направи проценка и на формулата ограниченоста на областа со постепени премини во безбедната зона да биде под контрола на Турција во врска со што рече: „Дострелот на оружјето во рацете на ЈПГ (сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК) да изнесуваше 10 километри, ние ќе речевме тоа да изнесува 10 километри.“



Слични вести