Џејмс Џефри: Со Турција работиме на безбедна зона во која нема да ја има ЈПГ

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија Џејмс Џефри истакна дека се работи со Турција на прашањето за безбедна зона во која нема да ја има ЈПГ (продолжетокот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК)

1184184
Џејмс Џефри: Со Турција работиме на безбедна зона во која нема да ја има ЈПГ

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија Џејмс Џефри говореше на Заедничката годишна конференција која што оваа година се одржува по 37“ми пат, во организација на Турско-американскиот деловен совет (TAİK) и Американско-турскиот совет (ATC).

Џефри во својот говор овде истакна дека Турција има значајни безбедносни грижи и рече: „Со Турција работиме на прашањето за безбедна зона во која нема да ја има ЈПГ (продолжетокот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК). Турција и САД во минатото и моментално имаат мошне значајно геостратешко партнерство.“

Нагласувајќи дека кризата во Сирија е мошне искомплицирана, Џефри укажа на значењето на Турција од аспект на реализирањето на мисијата на Соединетите Американски Држави (САД) во Сирија.  

Џејмс Џефри истакна дека има многу работи кои што треба да се направат за политичкиот процес во Сирија и рече: „Асадовиот режим треба да се откаже од хемиското и нуклеарното оружје. Сирија не треба да биде засолниште за терористите и Иранците кои се наоѓаат во оваа земја треба да се вратат во своите домови.“

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија Џејмс Џефри во својот говор ја изнесе следната констатација: „Со Турција работиме на безбедна зона за која што засега не можевме во целост да се договориме. Турција има мошне значајни безбедносни грижи. САД ги разбираат и грижите на Турција во врска со луѓето (ЈПГ/ПКК) со кои ние работиме заедно против ДЕАШ. Со Турција работиме и на прашањето за безбедна зона во која нема да ја има ЈПГ.“

 



Слични вести