Продолжуваат да се испраќаат дополнителни воени возила и командоси на сириската граница
Конвојот составен од оклопно возила и возила кои превезуваа командоси испратени од различни единици во Турција, пристигна во Хатај, на границата со Сирија
1183724

Од страна на Турските вооружени сили (ТВС) се испратени дополнителни оклопни возила и командоси во воените единици на границата со Сирија.
Конвојот составен од оклопни возила и возила кои превезуваа командоси испратени од различни единици во Турција, пристигна во Хатај.
Како што се дознава, воениот конвој кој што под безбедносни мерки се движеше кон границата е испратен како засилување на воените единици на границата со Сирија.