Награда „Создавачи на разлика“ за Емине Ердоган, од Светскиот хуманитарен форум

Наградата „Changemaker“ т.ј. „Создавачи на разлика“ на г-ѓа Емине Ердоган ќе и биде врачена на церемонијата што ќе се одржи на 17 и 18 април во главниот град на Велика Британија, Лондон

1183638
Награда „Создавачи на разлика“ за Емине Ердоган, од Светскиот хуманитарен форум

На госпоѓа Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, од страна на Светскиот хуманитарен форум заради нејзините залагања кои што стануваат извор на инспирација за хуманитарна помош, со церемонија што ќе се одржи во Лондон, ќе и се додели наградата „Changemaker“ т.ј. „Создавачи на разлика“.

Наградата „Changemaker“ т.ј. „Создавачи на разлика“ која се доделува од страна на Светскиот хуманитарен форум („World Humanitarian Forum“) поддржан од Обединетите нации (ОН) и Велика Британија, им се доделува на ограничен број лица кои реализираат извонредно импресионирачки работи во целиот свет и одигруваат улога на лидери по прашањето на хуманитарната помош.

Наградата на г-ѓа Емине Ердоган ќе и биде врачена на церемонијата што ќе се одржи на 17 и 18 април во главниот град на Велика Британија, Лондон.

Наградата  „Changemaker“ („Создавачи на разлика“) ќе биде четврта награда која што и е врачена на Емине Ердоган на меѓународна арена поради доделување на хуманитарна помош за време на елементарни непогоди и човечки трагедии кои што се доживуваат насекаде низ светот, со што презеде предводничка улога во свртувањето  на погледот на светската јавност кон хуманитарните проблеми.

Г-ѓа Емине Ердоган беше единствената сопруга меѓу сопругите на светските лидери која во 2009 година ги собра во Истанбул сопругите на лидерите од арапскиот свет и западните земји, со што против израелските напади врз Газа и ембаргото кое што беше воведено за хуманитарната помош до целиот свет го упати повикот „сопрете ја војна“,.

Освен тоа, Емине Ердоган во 2010 година лично на лице место ги водеше активностите за доставување помош на милиони лица кои беа погодени од кататсрофата од поплави, како една од најголемите елементарни непогоди со кои беше соочен Пакистан. 

Во 2012 година пак, Емине Ердоган го постави на дневен ред на светската јавност геноцидот што беше извршен врз муслиманите Рохинга кои бегајќи од Мјанмар се засолнаа во камповите во Бангладеш. И покрај предупредувањата за ризик поради животна безбедност Емине Ердоган на лице место ја виде човечката драма која што се случуваше во Мјанмар и достави хуманитарна помош на овој дел на светот.

Во тие рамки на г-ѓа Емине Ердоган досега и беа врачени три меѓународни награди и тоа во 2011 година на Форумот Кранс Монтана во Брисел наградата „Prix de la Fondation“ поради нејзините заслуги во сферите на мирот, слободата и демократијата, во 2018 година во склопот на Форумот на глобални донатори со седиште во Велика Британија наградата „Ценење на хуманитарните услуги“ и истата година од страна на Коалицијата за глобална надеж со седиште во Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД) „Специјалната награда лидерство за хуманитарна помош.“



Слични вести