Фахреттин Алтун за "Ал Џезира": До 2023 г. на дневен ред се економијата, сириската криза и националната одбрана

Шефот на Одделот за комуникации на кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун во својата статија за Ал Џезира напиша дека до 2023 година на дневниот ред на Турција ќе бидат економијата, сириската криза и националната одбрана

1182784
Фахреттин Алтун за "Ал Џезира": До 2023 г. на дневен ред се економијата, сириската криза и националната одбрана

Шефот на Одделот за комуникации на кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун напиша статија за "Ал Џезира" под наслов "Што ја очекува Турција по локалните избори".

Алтун во оваа своја статија истакна дека по одржувањето на локалните избори Турција после долги години за прв пат влезе во период кога 4 и пол години ќе нема избори и рече: "До 2023 година на дневниот ред на претседателската власт ќе се најдат три главни наслови и тоа економијата, сириската криза и нашите способности за национална одбрана."

Велејќи дека Турција во последните години ги поставува како цел пред себе терористичките организации ПКК и ДЕАШ во северниот дел на Сирија, Алтун рече: "Нашата следна цел пак, е ослободувањето на Менбич кој што се наоѓа под окупација на (ЈПГ) сирискиот огранок на ПКК и ставањето крај на сите терористички активности во подрачјето помеѓу реката Еуфрат и сириско-ирачката граница."

Фахреттин Алтун во својата статија напиша: "Нашата земја која располага со втора најголема армија на НАТО, под влијание на граѓанската војна во Сирија има потреба од зајакнување на својата воздушна одбрана. Откако во текот на неколку години ги баравме патиштата за набавка на најнапредната технологија со најповолни услови, потпишавме договор за купување на ракетно одбранбениот систем С-400 од Руската Федерација. Мислејќи дека нашите сојузници во НАТО како што е Грција располагаат со руски системи за противвоздушна одбрана, крајно нормалното  претпоставивме дека нашите пријатели и сојузници ќе покажат почит кон сувереноста на Турција. На неколку месеци пред предавањето на С-400 во јули, видовме дека САД зазедоа несфатлив став  и дека се обидуваат да ја одвратат Турција од еден веќе завршен договор. Се соочуваме со тешкотии да го сфатиме тоа зошто Вашингтон кој одби да и продаде на Турција слична опрема, се обидува да сопре еден свој сојузник во НАТО која сака да инвестира во својата национална безбедност."

Фахреттин Алтун во својата статија за "Ал Џезира" напиша: "Нашата земја под лидерство на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган оствари историски економски раст, привлече стотици милијарди долари директни инвестиции и стана регионална сила."

Алтун нагласи дека во наредните години ќе продолжи да се работи во правец на истите цели.



Слични вести