Чавушоглу: Проблемот помеѓу Палестина и Израел може да се реши само со структура од две држави

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека проблемот помеѓу Палестина и Израел може да се реши само со структура составена од две држави

1182245
Чавушоглу: Проблемот помеѓу Палестина и Израел може да се реши само со структура од две држави

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на отворањето на 99. Семинар Рос-Рот и заедничкиот состанок на специјалната група за Средоземното Море-Блискиот исток на Парламентарната Асамблеја на НАТО што се одржува во Анталија, ги критикуваше политиките на Израел.

Чавушоглу истакна дека проблемот помеѓу Палестина и Израел може да се реши само со структура составена од две држави.

Велејќи дека едниот од проблемите кои што влијаат најмногу на Блискиот исток и регионот на Средоземното Море е палестинско-израелскиот проблем, Чавушоглу нагласи дека ниту едно друго решение освен решението со две држави нема да донесе мир и спокојство на Блискиот исток.

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу подвлече дека затоа Израел кој е охрабрен од погрешната одлука на управата на Соединетите Американски Држави (САД), треба да се откаже од тој негов агресивен став и дека што поскоро треба да се врати назад кон решение со две држави. 

„Би сакал да нагласам дека како Турција ќе дадеме целосна поддршка на еден таков процес.“ - порача Чавушоглу.



Слични вести