Турција остро го осуди указот на францускиот претседател Макрон за т.н. геноцид над Ерменците

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворшени работи се вели следното: „Овој став на Франција кој што е далеку од пријателски, неизбежно ќе има негативно влијание на односите со Турција.“

1181618
Турција остро го осуди указот на францускиот претседател Макрон за т.н. геноцид над Ерменците

Турција соопшти дека жестоко го осудува указот на францускиот претседател Емануел Макрон со кој 24 април се прогласува за Ден на сеќавање на таканаречениот геноцид над Ерменците.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворшени работи се вели следното: „Овој став на Франција кој што е далеку од пријателски, неизбежно ќе има негативно влијание на односите со Турција.“  

Во соопштението се истакнува дека ваквата одлука длабоко ја повредува турската заедница која брои над 700 илјади лица во Франција и стои следното: „Во секој повод ќе му се даде неопходниот одговор на овој став.“

Реакција против указот на францускиот претседател Емануел Макрон со кој 24 април го прогласи за Ден на сеќавање на таканаречениот геноцид над Ерменците пристигна и од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Тој во објавата што ја сподели на Твитер напиша: „Указот за 24 април на францускиот претседател Макрон отворено ги прекршува одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и на Уставниот суд на Франција. Макрон, обидувајќи се да ги исполни своите ветувања кои што им ги даде на Ерменците за време на предизборната кампања, повторно врши популизам. Најпрвин нека погледне кон сопствената мрачна истроија. Од геноцидот во Руанда измина четвртина век.“

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и на одржаната заедничка прес конференција со неговиот холандски колега Стеф Блок во Амстердам, по 7. Конференција Турција-Холандија (Витенбург) го рече следното: „Оваа одлука нема никаква валидност за нас. Ионака и ние ќе ги преземеме потребните мерки по ова прашање. Во врска со тоа започнавме некои иницијативи во Анкара.“

Нагласувајќи дека донесувањето на вакви политички одлуки, искривоколчувањето на историјата, не им доликува на политичарите, Чавушоглу рече: „Не е правилно политичарите да донесуваат одлука по овие прашања. Поготовор е потполно трагикомично тоа што Франција донесува одлука по ова прашање. Франција треба да погледне кон сопствената историја.“

Од друга страна, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор и со францускиот министер за надворешни работи Жан Ил Ле Дријан до кого ја досстави вознемиреноста на Анкара по ова прашање.

Инаку, францускиот претседател Емануел Макрон синоќа го ратификува указот за прогласување на 24 април за Ден на сеќавање на таканаречениот геноцид над Ерменците.

По оваа одлука на Макрон, 24 април ќе биде заведен во официјалниот календар на Франција.



Слични вести