Осуда од Турција против Италија поради усвоената одлука за настаните од 1915 година

Турција го осуди усвоената одлука во италијанскиот Парламент за признавање на настаните од 1915 година како "геноцид- над Ерменците

1180968
Осуда од Турција против Италија поради усвоената одлука за настаните од 1915 година

Осуда од кабинетот на претседателството против Италија...

Портпаролот на кабинетот на претседателството Ибрахим Калин во својата објава преку социјалната мрежа Твитер покажа реакција против прифаќањето во италијанскиот Парламент на предлог одлуката со која настаните од 1915 година се прифаќаат како „геноцид“.

Калин истакна дека усвоената одлука во италијанскиот Парламент во врска со таканаречениот геноцид над Ерменците, е одлука со која се негираат историските вистини и со која се сее новото семе на непријателство.

Калин во својата објава напиша: „Одлуката на италијанскиот Парламент во врска со таканаречениот геноцид  е одлука со која се негираат историските вистини и со која се сее новото семе на непријателство. Жестоко ги отфрлуваме овие приоди кои што го негираат повикот на нашиот претседател за формирање на заедничка историска комисија и со кои се разгорува политичкиот популизам."

Шефот на Одделот за комуникации на кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун, исто така во својата објава преку социјалната мрежа Твитер, усвојувањето на наведената предлог одлука во италијанскиот Парламент го критикуваше со зборовите „Најжестоко го осудуваме обидот на италијанскиот Парламент за искривоколчување и политизирање на нашата историја.“

Алтун нагласи дека оваа состојба е непријателски и жалосен приод.

„Наместо да ги напаѓаме нашите спомени сите заедно треба да овозможиме вистината да надвладее над приказните.“ - напиша во својата објава Фахреттин Алтун, шефот на Одделот за комуникации на кабинетот на претседателството.

Инаку, италијанскиот Парламент го усвои владиниот предлог со кој се бара да се признае таканаречениот геноцид над Ерменците.

Усвоениот предлог не е правно обврзувачки.



Слични вести