Осуда од МНР и министерот Мевлут Чавушоглу против одлуката на италијанскиот Парламент

Министерството за надворешни работи на Турција и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја осудија усвоената предлог одлука во Претставничкиот дом на италијанскиот Парламен за признавање на таканаречениот геноцид над Ерменците

1181031
Осуда од МНР и министерот Мевлут Чавушоглу против одлуката на италијанскиот Парламент

Министерството за надворешни работи на Турција го осуди усвојувањето во италијанскиот Парламент на предлог одлуката која што ги содржи тврдењата за таканаречениот геноцид над Ерменците, во врска со настаните од 1915 година.  

Во објавеното соопштение од министерството се вели следното: „Предлогот на Претставничкиот дом на италијанскиот Парламент со датум од 10 април 2019 година, претставува нов пример за тоа како ерменските тврдења се користат како средство во пресметките за внатрешно политички интереси. Жестоко го осудуваме овој предлог.“ 

„Не беше зачудувачко тоа што предлогот беше подготвен од страна на Партијата Лега, чиј лидер е Матео Салвини кој работи за саботирање на турско-италијанските односи“, се наведува во соопштението и во продолжение се подвлекува следното: „Она што е зачудувачко и жалосно е тоа што споменатиот Парламент станува инструмент во играта на Партијата Лега, со цел да ја зацврсти својата позиција на изборите за Европскиот парламент (ЕП). Она кое што всушност и е познато, е тоа што ерменските тврдења постојано се поставуваат на дневен ред пред избори или во контекст на настроеноста против Турција и тоа јасно става до знаење дека овие тврдења се со политичко својство и дека не се во усогласеност со историските вистини. Овие обиди освен тоа што не обезбедуваат корист за ниту една страна, воедно ги блокираат и добронамерните иницијативи кон иднината.“

Во соопштението на турското министерство за надворешни работи се нагласува дека оваа одлука ќе има различни селектирања на односите со Италија како наш стратешки партнер и земја со која Турција располага со историски врски и со мошне интензивна трговска соработка, а на крајот се подвлекува следното: „Исто како и сите иницијативи со кои што се политизира историјата и оваа предлог одлука нема никакво значење и е неважечка за Турција.“ 

Во меѓувреме, и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Исто како и сите иницијативи со кои што се политизира историјата, и оваа одлука на Претставничкиот дом на Италија е неважечка. Не може да се прифати тоа што италијанскиот Парламент, станува инструмент во играта на Партијата Лега како непријателска партија кон странците, а со цел да ја зацврсти својата позиција на изборите за Европскиот парламент (ЕП).“

Инаку, предлог одлуката на коалиционата влада во Италија во која се бара „официјално да се признае таканаречениот геноцид над Ерменците и истиот да се брани на меѓународна арена“, на гласањето што се одржа во Претставничкиот дом на Парламентот на оваа земја, беше усвоена со 382 гласа „за“ и 43 воздржани гласа.



Слични вести