Мевлут Чавушоглу: Доколку САД не ни продадат Патриот, би можеле да набавиме и втор С-400

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека нема гаранција во однос на тоа оти САД ќе и продадат Патриот на Турција и напомена дека доколку тие не и продадат би можела да набави и втор систем С-400.

1180585
Мевлут Чавушоглу: Доколку САД не ни продадат Патриот, би можеле да набавиме и втор С-400

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава за еден приватен телевизиски канал  објасни дека за време на неговата посета на Соединетите Американски Држави (САД) минатата недела, откако објаснил зошто Турција мораше да го купи противвоздушно одбранбениот систем С-400 американските функционери му рекле дека не знаеле дека тоа е така.

Чавушоглу истакна дека нема гаранција во однос на тоа оти Соединетите Американски Држави (САД) ќе и продадат Патриот на Турција и напомена дека доколку тие не и продадат, би можела да набави и втор систем С-400.

Нагласувајќи дека купувањето на С-400 нема да биде во спротивност со членството во НАТО, Чавушоглу потсети дека некои земји членки на НАТО поседуваат С-300.

Во однос на тврдењата околу тоа дека ракетниот систем С-400 претставува закана за борбените авиони Ф-35 пак, Чавушоглу истакна дека Турција им предложила на САД да го испитаат С-400 и рече: „Рековме да формираме работна група составена од експерти и оваа група да испита дали ќе претставува закана за системите на НАТО, на чело со Ф-35. Како, еден систем кој што ќе биде под контрола на Турција, ќе претставува закана. Засега не пристигна одговор за нашиот предлог за техничката делегација.“

Подвлекувајќи дека Турција како суверена земја, може самата да ги донесе сопствените одлуки, Чавушоглу истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) постојано говорат за санкции и рече: „Тие се оние кои му наштетуваат на сојузништвото. Тие се оние кои соработувајќи со една терористичка организација (ЈПГ/ПКК), му наштетуваат на нашето сојузништво.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напомена дека неговиот колега американскиот државен секретар Мајк Помпео му рекол дека нема гаранција за тоа оти неговата земја сигурно ќе и продаде Патриот на Турција.

„Ако САД ни продадат Патриот ќе го купиме, но доколку не ни продадат би можеле да набавиме и втор С-400 или друг вид противвоздушно одбранбен систем. Меѓутоа ние имаме итна потреба. Местоположбата каде што се наоѓаме не е градина со ружи.“ - рече Чавушоглу.

 



Слични вести