Евсеев: Ако купува Грција, би можела и Турција да купи С-400

Претседателот на Институтот за проучување на земјите од Заедницата на независни држави Владимир Есеев потсеи дека Грција која исто така е членка на НАТО купи С-300 од Русија и рече: „Ако купува Грција, би можела и Турција да купи С-400

1180663
Евсеев: Ако купува Грција, би можела и Турција да купи С-400

На состанокот на округлата маса по име „Руско-турските односи и регионалната безбедност: Посетата на Ердоган на Москва“ што се одржа во главниот град на Русија, Москва, беше дискутирано за последната остварена посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Москва.

Притоа претседателот на Институтот за проучување на земјите од Заедницата на независни држави со седиште во Русија Владимир Евсеев застана во одбрана на тоа дека противвоздушно одбранбените системи С-400 се подобри од американските системи Патриот и рече: „С-400 се понапредни од Патриотите во однос на далечината на утврдување на целта и функционирањето во радиоелектронска средина.“

Потсетувајќи дека Грција која исто така е членка на НАТО купи С-300 од Русија, Евсеев рече: „Ако купува Грција, а зашто да не може да купува и Турција? И Турција би можела да го купи системот С-400. Турција сака да биде независна од Соединетите Американски Држави (САД) по прашањето на купувањето.“ 

Евсеев напомена дека Турција фрла чекори нанапред во сферата на одбраната и го додаде следното: „Турција се обидува да произведува оклопни возила и ракетен систем. Русија и Турција би можеле да го развијат заедничкото производство во точката на воената одбрана.



Слични вести