Ердоган и се заблагодари на Боливија за поддршката на Палестина

Трговскиот обем меѓу двете земји во последните две години се зголеми за 250 отсто и изнесува 113 милиони долари

1180243
Ердоган и се заблагодари на Боливија за поддршката на Палестина

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

„И благодарам на Боливија за поддршката на Палестина и особено статусот на Ерусалим како и заштитата на палестинските цивили“.

По средбата со претседателот на Боливија Хуан Ево Моралес Ајма во претседателскиот комплекс кој престојува во официјална посета на Анкара, двајцата лидери одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган изрази посебно задоволство од посетата на Моралес на Турција која е прва посета на претседателско ниво од оваа земја на Турција. Ердоган во говорот потсети дека лани Турција ја отвори амбасадата во Ла Паз. Чувствуваме големо задоволство од одлуката на Боливија за отворање амбасада во Анкара.

Идната година ќе ја одбележиме 77-та годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Турција и Боливија.

По тој повод во 2020 година ќе се одржат посебни манифестации во чест на одбележувањето на годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи кои очекувам да дадат придонес во натамошното јакнење на меѓусебните односи.

На разговорите постигнавме согласност првиот состанок на Мешовитата комисија за економска соработка да се одржи во текот на годинава рече Ердоган потенцирајќи дека во последниот период се забележува сериозен подем во развојот на економските и трговски односи меѓу двете земји.

Трговскиот обем меѓу двете земји во последните две години се зголеми за 250 отсто и изнесува 113 милиони долари.

И почитуваниот Моралес на средбата истакна дека оваа бројка е ниска и не ги задоволува целите на двете земји, поради што треба да определиме нова цел. Во првата етапа ќе биде од корист стапката на обемот на трговската размена да ја зголемиме на 500 милиони долари, за што постигнавме согласност, рече Ердоган.

На разговорите разменивме мислења и за зајакнување на правната основа на економските односи, зголемување на меѓусебните инвестиции и преземање заеднички иницијативи во енергетскиот сектор.



Слични вести