Рускиот печат посвети големо внимание на средбата Ердоган-Путин во Москва

Во рускиот печат беше привлече внимание особено на пораките на претседателот Ердоган во однос на тоа дека нема враќање назад од С-400, а беше одделено широко место и на остварената средба помеѓу двајцата лидери Путин и Ердоган

1180050
Рускиот печат посвети големо внимание на средбата Ердоган-Путин во Москва

Рускиот печат и посвети големо внимание на вчерашната посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Москва и неговата остварена средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Притоа во рускиот печат беше привлече внимание особено на пораките на претседателот Ердоган во однос на тоа дека нема враќање назад од купувањето на руските ракетни системи С-400.

Во објавените вести од страна на руските информативни гласила и беше одделено широко место на остварената средба помеѓу двајцата лидери Путин и Ердоган вчера во Москва.

Руската новинска агенција „РИА Новости“ во веста што ја објави под насловот „Турција нема намера да се откаже од С-400“ напиша: Претседателот Ердоган нагласи дека нема да дозволи никој да посегне по правото на сувереност на државата и дека нема враќање назад по прашањето на С-400.“

Во веста на весникот „Известија“ се истакнува дека Путин и Ердоган остварија сеопфатни разговори и се укажува на тоа дека двајцата лидери постигнаа согласност за формирање на заеднички инвестициски фонд. 

Рускиот весник „Русискаја газета“ привлече внимание кон изјавите на двајцата лидери во врска со економските односи помеѓу страните и напиша: „Путин и Ердоган стоеја на прашања посветени на билатералната трговија и инвестирањето и притоа ветија дека ќе ги олеснат работите за бизнисмените.“

Руската новинска агенција „ТАСС“ го објави насловот „Путин и Ердоган се договорија по прашањето на развојот на соработката помеѓу двете земји“ каде што истакна дека на средбата Путин-Ердоган беше разговарано за ставањето во примена на договорот за С-400.



Слични вести