На северот на Ирак неутрализиран еден од т.н. главни водачи на терористичката ПКК

Во воздушна операција во северниот дел ан Ирак е неутрализиран терористот Мехмет Сојсурен кој е внесен во списокот на барани терористи од „црвената категорија“ и е едниот од таканаречените главни водачи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1179862
На северот на Ирак неутрализиран еден од т.н. главни водачи на терористичката ПКК

Во реализирана прекугранична воздушна операција во северниот дел на Ирак е неутрализиран еден терорист, припадник на серпаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според бјавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, во реализирана воздушна операција по тридневно следење во рамките на операцијата „Шепа“ (Pençe) е неутрализиран терористот Мехмет Сојсурен, познат под кодното име „Саваш Порсипи“, кој е внесен во списокот на барани терористи од „црвената категорија“ и е едниот од таканаречените главни водачи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Како што се дознава терористот за кој станува збор бил одговорен за таканаречените „специјални сили“ на терористичката организација.

Во соопштението на министерството се додава дека во операцијата се погодени приближно 20 терористички цели.



Слични вести