Турција повика на смирување на тензиите во Либија и продолжување на политичкиот процес

Се налага неминовна потреба за што поскоро намалување на тензиите и воспоставување на здравиот разум

1178902
Турција повика на смирување на тензиите во Либија и продолжување на политичкиот процес

Турција изрази загриженост од ситуацијата по воената операција на Триполи, поради што упати повик до страните за смирување на тензиите и умереност.

Во соопштението кое беше објавено од страна на МНР беше истакнато дека чувствуваме голема загриженост од ситуацијата по воената операција на Триполи.

Овој вид обиди нема да бидат од никаква корист освен тоа што ќе нанесе штета на цивилното население и ќе предизвика дестабилизација, а исто така ќе предизвика пречка на олеснителниот политички процес којшто се раководи под покровителство на ОН.

Се налага неминовна потреба за што поскоро намалување на тензиите и воспоставување на здравиот разум.

Турција целосно ги поддржува напорите на Генералниот секретар на ОН и специјалниот претставник на ОН за Либија за намалување на тензиите, а исто така големо значење има заедничкиот став и одлучноста на меѓународната заедница во сите овие напори, беше подвлечено во соопштението објавено од турското МНР.



Слични вести